Илиевски: Имаме позитивна серија, кога нешто е добро, не треба да се менува

Македонската фудбалска репрезентација во следните денови ќе одигра два натпревари, од кои едниот против Саудиска Арабија во Прага, додека вториот го игра против Лихтенштајн во Скопје.

Бојан Илиевски пред пријателскиот меч против С. Арабија кажа дека се наоѓаат во одлична серија и кога нешто е добро не треба да се менува, меѓутоа пресметката со следниот ривал би можел да служи и како можност за да се тестираат нови комбинации.

„Имаме навистина позитивна серија, кога нешто е добро не би требало да се менува и треба да продолжиме да работиме како и досега. Добро се подготвуваме, ќе ни биде од корист и пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, можеби да се пробаат некои нови комбинации, а против Лихтенштајн се надевам дека ќе продолжиме позитивно и во квалификациите. Тој натпревар е многу важен, јавноста можеби не смета нас за фаворити, но покажавме дека и ние кога на хартија не сме фаворити, како против Белгија и Велс дека можеме да изненадиме. Истото може да се случи и против Лихтенштајн, затоа тој меч е особено важен за нас“, кажа Илиевски.

Македонија по четири одиграни меча во квалификациите за Светското првенство (СП) се наоѓа на првото место со осум бодови.