Женската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз на четвртиот натпревар во квалификациите за Европското првенство во 2021 година. 

Нашите најдобри фудбалерки вечерва во Скопје на арената „Тодор Проески“ загубија од Австрија со 0-3. Никол Била од пенал го отвори резултатот во 35-тата минута, а во судиското продолжение на првиот дел веќе беше 0-2, бидејќи во мрежата на Македонија погоди и Сара Задразил. Победата на Австријките ја запечати Барбара Дунст во 78-та минута.

Ова е втор пораз од Австрија за нашата репрезентација во групата Г, бидејќи загубивме и на нашата прва меѓусебна средба на гостински терен. Засега единствениот триумф на четирите квалификациски натпревари нашите фудбалерки го остварија против Казахстан со 4-1 на домашен терен.