„ФорФорТу“ за Македонија на ЕП: Имаат дух и сила на секого да му го раскрвават носот!

Во пресрет на Европското првенство летово и дебито на Македонија на големата сцена, еден од најпопуларните фудбалски магазини во моментов, „Фор Фор Ту“ во своето специјално издание во пресрет на Евро, ја претстави Македонија, ги „откри“ добрите и слабите страни, предвиде што ќе направиме на ЕП, го стави Горан Пандев како клучен играч, го посочи Дарко Панчев како легенда на дебитантот...

Македонија немаше надежи дека на традиционален начин ќе се пласира на ЕП преку квалификации, се додека максимално не ја искористи комплетно предноста и великодушноста на УЕФА за да стигне до својот прв настап на едно големо натпреварување. Одлуката да се допушти една послаба селекција да се пласира преку бараж од Д-сегментот во Лигата на нации беше контроверзна, но за Македонците тоа ги возбудли и шансата ја искористија. Плус и ѕвездата Горан Пандев беше награден за комплетното трпение.

Но, нели сме ние сите за оваа романса? Пандев, 37, дебитираше пред две децении и размислуваше за пензија. Но, остана и ја водеше својата земја со најголемиот успех со погодок за паметење против Грузија.

Македонија заврши како трета во квалификациите, но тоа беше далечно трето место зад Полска и Австрија. За разлика од Лигата на нации, каде требаше да бидат пред Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар, а потоа пред Косово и Грузија во баражот, против кои можеби се гледаа како фаворити за историја. Пандев заплака после голот во финалето, а со него заплака и цела нација – од радост.

Македонските фудбалери знаат дека имаа среќа за да се пласираат на Евро 2020, но тие го направија тоа, а покажаа и нешто ветувачки во квалификациите. Избраниците на Игор Ангеловски дома победија три противници (Словенија, Израел, Летонија), останаа непоразени на нивните гостувања кај истите противници. Но, сега противниците ова лето се сосема поинакви, а „црвените рисови“ ќе се обидат да избегнат летото да имсе скисели.

Сѐ на се, Македонија покажа заедништво, силна волја за да ја исполнат оваа бајка, а не се ни хуманитарци, па да им помагаат на другите (со бодови).

Пандев е сјаен лидер, 21-годишниот играч за врска од Наполи, Елиф Елмас е звезда во успон, која може да ја зграби својата шанса, додека Енис Барди од Леванте е специјалист за „убиствени“ топки. Дури и лидсовецот Езџјан Алиоски, иако не е константен, способен да брилјира. За крај, голманот Столе Димитриевски е голман на кого може да му се верува, а и кој покажа дека под притисок знае да остане смирен, што го докажа во најважните мечеви.

Македонија на ова ЕП е најслабиот тим на Евро 2020, но тие нема што да загубат, а во март против Германија со нивната победа со 2-1 покажаа дека имаат тимски дух и квалитет да им ги раскрварат носевите на противниците.

Што и да се случи на ЕП, за нив веќе е победа. Самиот пласман е голема победа. Сѐ останато над тоа е – премија!

КЛУЧЕН ИГРАЧ – ГОРАН ПАНДЕВ
Сестраниот напаѓач кој сега игра како офанзивен фудбалер за врска се пресели во Италија во 2001 година, ја освои ЛШ со Интер во 2010, имаше блескави моменти и во Лацио и во Наполи. Пандев веројатно е најголемата македонска ѕвезда, фудбалер со најмногу настапи и прв стрелец со огромна разлика од другите.

ЛЕКЦИЈА ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ
Чуда се случуваат. Македонија им го загорчувала животот и на големите, прашајте ја Англија, но никогаш вистински не се заканија за настап на големо натпреварување, сѐ додека УЕФА не го промовираше новиот систем. Тоа донесе нешто во кое почнаа да веруваат, а сѐ потоа беше до нив

НАЈГОЛЕМА СИЛА
Природно, тимскиот дух не бил никогаш подобар. Дури и кога настапите не беа добри, атмосферата во тимот и соблекувалната беше извонредна,а фудбалерите спремни да гинат еден за друг. Тоа им помогна во баражите, а може да им помогне и во групите на Евро. Фудбалерите треба да знаат дека ова им е шанса да – уживаат!

СЛАБОСТИ
Првите единаесетмина на Македонија како тим изгледа многу пристојно, но на оваа екипа и недостига длабочина, зашто секоја повреда или суспензија го прави тимот многу послаб. А, и одбраната знае да биде климава против посериозни селекции, а напаѓачите немаат сјај, освен ако Пандев, Елмас и Барди не произведат некоја индовидуална 'магија'.

НАЈВЕРОЈАТНО...
Ќе бидеме неутрални. Сите сакаат аутсајдер, а Македонија не е најмодерниот тим на ЕП. Ама навивачите на Македонија може да ги освежат сеќавањата за голот на Артим Шаќири во 2002 година и голот директно од корнер што му до даде на Дејвид Симан

НАЈМАЛКУ ПОСАКУВАНО...
Нѐ досаѓајте со прашања за Јужна Македонија и каде е нејзината локација!

НА ШТО СЕ НАДЕВААТ
Големиот сон е победа на ЕП, избегнување на последното место и пласман во осминафиналето, како една од најдобро рангираните третопласирани селекции. Во таква ситуација би вкрстиле со групата Е (најверојатно Шпанија) или со групата Ф (Франција, Португалија, Германија), што понатамошниот прогрес на ЕП е скоро невозможен. Освен – ако не им се падне Германија!

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ
Реално е Македонија да ги загуби мечевите на ЕП, но сигурно нема да биде „вреќа за удирање“.

СЕЛЕКТОР – ИГОР АНГЕЛОВСКИ
На клупата е од 2015 година, а 44-годишниот селектор нормално е екстрапопуларен, но неговите технички вештини сѐ уште не се докажани и допрва треба да ја најде оптималната формација. Скопјанецот сѐ уште нема тренерска работа надвор од Македонија.

ЛЕГЕНДА – ДАРКО ПАНЧЕВ
Шест настапи и еден гол веројатно нема да ви се издвои Дарко Панчев како голема светска суперѕвезда, но тоа што го направи некаде на друго место го прават легенда на Македонија.

Родениот скопјанец во времето додека Македонија беше дел од поранешна Југославија, Панчев даде 248 гола за Вардар и Црвена Звезда во 80-те и раните 90-ти години од минатиот век, а во 1991 година со Ц. Звезда стана и европски првак. Убиствениот напаѓач беше дел од Југославија на СП во Италија во 1990, а најдобар стрелец во квалификациите за Евро 1992 со 10 гола, вклучително хет-трикови против Северна Ирска и Австрија. Но, не доби шанса да заигра на Европско првенство, само затоа што Југославија влезе во граѓанската војна после политичката раздвоеност, а на тимот му беше забранет настапот.

Падот на комунизмот му го трасираше патот да си оди од Ц. Звезда, а интерес имаше од секаде – Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед... Пре да го избере Интер и – не успеа!

Беше дел од првата генерација на Македонија и воведниот меч во 1993 година со Словенија, но за Македонија успеа да даде само еден гол. Сепак, останува легенда, а во 2003 година ја доби наградата „златен играч на Македонија“ - фудбалер на 20-от век.