Добро познато лице ја пречека македонската репрезентација на Кошево (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македониха вчера тренираше на Кошево каде вечерва од 20:30 часот ќе се сретне со БиХ во пријателски натпревар.

Пред почетокот на тренингот, фудбалерите ги пречека добро познато лице - Крсте Велковски кој од лани е спортски директор на Фудбалскиот клуб Сараево, тимот што своите натпревари ги игра токму на Кошево. Велковски е поранешен македонски репрезентативец, за нашиот национален тим од 2014 до 2021 година одигра 15 натпревари, а дури седум сезони, од 2014 до 2016 и од 2017 до 22 година, помина во тимот на Сараево. Последен пат за Македонија играше на 4 јуни 2021 година, против Казахстан кога нашата селекција славеше со 4-0.

Во неговиот тим има двајца македонски интернационалци кои во моментов не се членови на репрезентацијата - Стефан Ристовски и Агон Елези.