Освојувачот на Еврокупот одби да игра во Евролигата

Францускиот кошаркарски клуб Бург беше една од најубавите кошаркарски приказни во Европа во изминатата сезона, во која успеа да ја освои титулата во Еврокупот.

На тој начин Бург обезбеди и пласман во Евролигата за наредната сезона, но сепак одби да игра во ова натпреварување поради фиансиски причини.

„Бург го достигна врвот на своето патување со освојувањето на трофејот во Еврокупот на 28 април. По овој успех, клубот внимателно ја разгледа можноста за приклучување во Евролигата. Разговорите опфатија финансиски, организациски и структурни фактори. Сфативме дека не можеме да го направиме овој чекор, бидејќи би ги загрозиле одамна поставените темели. По проценката, одлуката беше донесена во договор со Евролигата“, стои во соопштението на Бург.

Идентичен чекор направи и шпанска Гран Канарија во 2023 година, кога како освојувач на Еврокупот исто така се откажа од настап во Евролигата.

Фото: JL Bourg