Тенисерка на Ролан Гарос се сопна на рекламите и сериозно се повреди (ВИДЕО)

Рекламите на Ролан Гарос во задниот дел од теренот често пати се тема на критики, а сигурно сега ќе бидат зголемени откако турската тенисерка Зејнеп Сонмез мораше да го предаде мечот.

Сонмез во мечот во двојки обидувајќи се да стигне една топка се сопна на рекламата и сериозно се повреди поради што не можеше да го продолжи мечот кој заврши по сам одва гема.

Ова не е прв случај оваа година бидејќи пред само неколку дена Александар Блокс го свитка глуждот исто така поради рекламите, тогаш тој ги критикуваше организаторите.