Против БиХ, Македонија одигра еден од своите најспектакуларни натпревари, заврши 4-4 (ВИДЕО)

Вечерва од 20:30 часот, фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревр против БиХ на Кошево во Сараево.

За Босанците, тоа ќе биде прва контрола пред Светското првенство, а за Македонија, можност за нов тест со новиот селектор Гоце Седлоски кој по трет пат ќе ја води репрезентацијата откако ја презеде во март. Македонија и БиХ досега одиграле три натпревари, сите три пријателски и тоа во периодот од 2002 до 2008 година. Нашата селекција има една победа со 1-0, а два меча завршија нерешено, двата не теренот на противникот.

Особено спектакуларен е дуелот одигран на 27 март 2002 година исто така во Сараево, но на стадионот на Железничар, Грбавица. Натпреварот заврши со резултат 4-4 и е еден од најатрактивните што ги одиграла македонската фудбалска репрезентација во својата историја.

Босанците по првото полувреме имаа водство од 3-0, за во вториот дел Македонија прво да намали на 2-3, а по четвртиот гол на противникот да дојде до израмнување. Интересно е тоа што тогаш на теренот беа сегашните двајца селектори - Гоце Седлоски играше за Македонија, а Сергеј Барбарез за БиХ. Барбарез дури и постигна два од четирите гола за босанската селекција. Хет-трик на тој натпревар реализира Артим Шаќири, а четвртиот гол беше дело на Саша Ќириќ.