Барса ќе мора да ја зголеми понудата – 100 милиони евра не се доволни за желбата на Флик!
Каталонскиот гигант понудил 100 милиони евра, додека клубот од Мадрид е подготвен да преговара само за значително повисока сума.
Според информациите на инсајдерот Жерар Ромеро, Барселона понудила фиксни 100 милиони евра, без бонуси и без вклучување играчи во евентуална размена. Атлетико веднаш ја одбил понудата и порачал дека е подготвен за разговори само ако понудата се движи околу 120 милиони евра.
Сумата, благодарение на подобрената финансиска состојба и правилата за финансиски ферплеј, наводно е во рамките на можностите на Барселона, но клубот поставил горна граница од 100 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец.
Останува да се види дали Барселона ќе биде подготвена да ја зголеми понудата за 26-годишниот напаѓач, кој се гледа како наследник на Роберт Левандовски.
Целиот трансфер би можела да го забрза и желбата на самиот фудбалер. Алварез е силно заинтересиран за преселба во Барселона ова лето и наводно веќе ги известил челниците на Атлетико дека сака кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.
Личните услови меѓу аргентинскиот напаѓач и каталонскиот клуб веќе биле договорени, па единствена пречка останува договорот меѓу двата клуба околу висината на обесштетувањето.
Фото: Barcelona FC