Бернардо Силва се сели во Ла Лига - има две опции!

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, го одигра последниот натпревар за англискиот клуб, негова следна дестинација ќе биде Шпанија.

Според Фабрицио Романо, Барселона и Атлетико Мадрид се во трка за Бернардо Силва.

Двата клуба имаат испратено и официјални понуди до фудбалерот кој е слободен играч.

Барселона притиска, но Силва уште не одлучил која понуда ќе ја прифати.