Атлетико објави: Ги договоривме Јамал, Педри и Рафиња! (ФОТО)

Атлетико Мадрид на својот „Х“ профил на необичен начин изрази револт поради последните шпекулации кои го поврзуваат Хулијан Алварез со Барселона.

Во изминатите денови многумина веќе го преселија Алварез во Барселона, а од Атлетико Мадрид сега на необичен начин кажаа што мислат тие за тоа.

Имено, на нивниот официјален профил на „Х“, Атлетико Мадрид во три одделни твита одјбави пародија од известување за договор со Јамал, Педри и Рафиња.

Конкретно за Јамал, велат дека го договориле трансферот за четири билети за концертот на „Бед Бани“, едногодишна претплата на АБЦ и торба семиња за сончоглед.

Во сличен стил се и објавите за Педри и Рафиња.