Вардар се пофали со Жерсон Родригес

Екипата на Вардар попладнево и официјално го потврди ангажманот на Жерсон Родригес, фудбалер кој во изминатото се соочуваше со многу проблеми.

Родригес е 31-годишен напаѓач роден во Португалија, меѓутоа настапуваше за репрезентацијата на Луксембург за која собра 72 натпревари и 23 гола и тој е најефикасниот фудбалер во историјата на оваа репрезентација.

Сепак, неговиот темперамент и тоа како знае да биде проблем, па останува да видиме како ќе се покаже во сезоната која следи.

Со Вардар стави потпис на договор од една година со можност истиот да биде продолжен на уште една.

Повеќе за неговата кариера и низ што се поминал прочитајте – ТУКА.