Чурлинов со убава асистенција дебитираше во убедливиот пораз на Шалке (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, го одигра првиот меч во дресот на Шалке, кој нема да го памети по добро со оглед на убедливиот пораз на неговиот тим на гостувањето кај Регенсбург (1-4) во Втората Бундеслига.

Нашиот фудбалер ги доби последните половина час од натпеварот, во кои немаше што да промени. Но и покрај тоа, тој успеа одлично да асистира при постигнувањето на единствениот погодок на Шалке и тоа во 75. минута.

Чурлинов пред три дена беше промовиран како нов фудбалер на составот од Гензелкирхен, каде што замина на едногодишна позајмица од Штутгарт.