Чурлинов: Одлично сме подготвени за Белгија – ќе видите и на терен!

Репрезентацијата на Македонија за два дена ја очекува натпревар против селекцијата на Белгија, а во пресрет на еден од тренинзите за медиумите зборуваше Дарко Чурлинов

Чурлинов зад себе има добра сезона со многу минути на теренот во дресот на Јагелонија од Полска, а против големиот фаворит верува дека имаат шанси, ако ги спроведат во дело задачите на селекторот Благоја Милевски.

„Одиграв добра сезона, имав одлична минутажа, но сега фокусот е на репрезентативните настапи. Денес нема големи фаворити, ние ќе мораме да придонесеме максимално на теренот и да ги одработиме задачите од селекторот. Нема разлика дали противникот е Белгија или Казахстан, ние секогаш ја претставуваме Македонија на највисоко можно ниво. Правевме анализи, имавме состаноци и се фокусираме најпрво на мечот со Белгијците. Тактички сме добро потковани, ќе го видите тоа и на самиот натпревар“, изјави Чурлинов. 

Три дена по натпреварот со Белгија, Македонија ја очекува и натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Казахстан.