Барди се договорил со Коњаспор, Турците откриваат детали!

Повеќе турски медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец, Енис Барди постигнал договор со Коњаспор, македонскиот капитен ќе се обврзе на двегодишна соработка.

Наводно зделката е договорена, Барди како слободен играч потпишува за Коњаспор.

Неговата годишна плата ќе биде околу 600.000-700.000 евра, но ќе има и бонус за потпис со кој примањата ќе му достигнат до милион евра.

Се очекува Барди во петок да биде во Коња и да го официјализира преминот во овој турски клуб.

Коњаспор го сакаше Барди и на полусезона, но тогаш Бодрум стигна до македонскиот репрезентативец.