Алиоски ја заврши рехабилитацијата: Добро е да се вратиш назад на работа (ВИДЕО)

Езџјан Алиоски успешно ја заврши рехабилитацијата по операцијата и сега се враќа на тренинзи. 

Фудбалерот на Лидс јунајтед самиот го потврди кам-бекот со видео на социјалните мрежи. Ова сигурно се добри вести за македонската фудбалска репрезентација и за селекторот Игор Ангеловски пред јунските натпревари со Полска и Австрија во рамки на квалификациите за ЕП 2020.

Алиоски се најде на списокот на Ангеловски, кој се надева дека крилниот фудбалер ќе биде целосно фит за овие дуели против фаворитите во нашата група.