Заборавениот Серхио Рамос никако да дебитира за ПСЖ

ПСЖ изминатото лето успеа да состави вистински дрим-тим, бидејќи освен Лионел Меси ги доведе Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими, Џорџињо Вајналдум и Серхио Рамос. 

Само Шпанецот нема дебитирано за францускиот тим и тоа поради повреда. Спортската јавност дури и заборави на поранешниот капитен на Реал Мадрид, а најновите информации од Париз велат дека тој и натаму не е подготвен за игра.

Првично се шпекулираше дека можеби ќе дебитира за „светците“ во петок против Анже, но стоперот денеска не тренираше со тимот. Тој нема да биде во составот за овој натпревар, а под знак прашалник е и неговиот настап во Лигата на шампиони против Лајпциг. 

Рамос нема среќа со повредите откако го напушти Реал Мадрид и се пресели во ПСЖ.