Дали оваа снимка е доказ за проблем меѓу ѕвездите на Реал? (ВИДЕО)

Англија го освои третото место на Светското првенство откако во спектакуларен натпревар со дури десет гола ја победи Франција со 6-4.

Сепак, по натпреварот внимание привлече и ситуацијата со соиграчите од Реал Мадрид, Џуд Белингам и Килијан Мбапе.

Двајцата не беа забележани како се поздравуваат по завршувањето на дуелот, што повторно ги разгоре шпекулациите за наводно нарушени односи меѓу двете големи ѕвезди.

Според пишувањата на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, гласините за конфликт меѓу двајцата фудбалери стануваат сè посилни.  Францускиот напаѓач заминал кон својата клупа, додека Белингам ги поздравувал француските фудбалери, меѓу кои и новиот соиграч од Реал Мадрид, Ибрахима Конате, но не и Мбапе.

Инаку, за проблеми во таборот на „кралевите“ помеѓу најголемите ѕвезди се пишуваше и во текот на изминатата сезона која „кралевите“ ја завршија без освоен трофеј.