Мирно прво полувреме: Шпанија се обидува да игра, Аргентина се брани!

Мрежите мируваа по првите 45 минути на финалниот дуел од Светското првенство, Шпанија и Аргентина е 0-0.

Немаше големи возбудувања, Аргентина не создаде буквално ништо, на спротивната страна Шпанија имаше неколку обиди.

Шпанците се обидоа уште во петтата минута кога Јамал биеше откосо, но не го направи најдобро тоа, Мартинез го одбрани неговиот удар. 

На втор обид чекавме дури до 39. минута кога Ојарзабал шутна од далеку, но и тоа беше плен на Мартинез.

Брзо потоа од далечина се обиде и Кукуреља, неговиот удар заврши крај голот на Аргентина.