Гвардиола добил понуда каква што не се одбива (ФОТО)

Пеп Гвардиола го напушти Манчестер сити на крајот на сезоната, по што беше најавено дека ќе земе одмор од работата, меѓутоа би можеле да се променат неговите планови.

Италија има потреба од селектор, а наводно Паоло Малдини и Леонардо веќе го контактирале Гвардиола и му ја понудиле работата.

Гвардиола е еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, а сега добил понуда каква што не се одбива и наскоро би можел да седне на кормилото на „аѕурите“.

Фото: Facebook/Manchester City