Костов прави неочекуван трансфер, оди по стапките на Елмас!
Се шпекулира дека тој ќе биде нов фудбалер на Фенербахче. Турскиот клуб е силно заинтересиран за 18-годишниот фудбалер.
Според информациите од Истанбул, Фенер подготвил понуда за младиот фудбалер од средниот ред. Во наредните денови таа понуда и официјално треба да стигне до канцеларијата на Црвена звезда.
Српскиот клуб го проценува Костов на повеќе од 20 милиони евра. Тој се поврзуваше со ПСЖ, Интер, Арсенал, Дортмунд, Баерн, но сите тие се откажаа од амбицијата да го купа. Прескап им е.
Ако Костов замине за Фенербахче, неговиот почеток на кариерата ќе наликува на тој на Елмас кога на рана возраст замина во Фенербахче.