Шпански напаѓач ја критикува ФИФА за цените на финалето: Срамота! (ФОТО)

Една од нафудбалските, а важни теми во пресрет на финалето на Светското првенство беа цените на билетите.

Податоците кои ги објави „Атлетик“ велат дека цените на влезниците во просек е 11.145 евра.

Таквата луда сума покрена лавина критики, а една дојде и од шпанскиот напаѓач, Борха Иглезијас.

Тој се јави на својот Инстаграм профил со слика од цените и напиша: Срамота!