Време е за збогум: Лавеци официјално ја заврши кариерата (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер Езекиел Лавеци реши денеска да стави крај на неговата кариера.

Лавеци реши да се пензионира во дресот на кинескиот клуб Хебеи, иако сигурно можеше да игра уште некоја година.

„Ова беа неверојатни години. Години одбележани со учење, единствени моменти и многу спомени кои засекогаш ќе останат во моето срце. Благодарен сум на сите кои беа покрај мене на ова патување. Со големо задоволство велам збогум на една неверојатна фаза од животот. Ми беше задоволство“, порача Лавеци.

Лавеци најдобрите денови од кариерата ги помина во Наполи и ПСЖ, а на почетокот на 2016 година замина во Кина.