Во Реал не сакале да објават дека Модриќ заминува, Хрватот побарал тоа да го направат - веднаш!

Лука Модриќ и Реал Мадрид официјално се збогуваа со соопштенија, Хрватот ќе го одигра денешниот меч во Ла Лига, а ќе настапи и на Светското клупско првенство по што ќе замине.

Според „Марка“, во Реал Мадрид не сакале да соопштат дека Модриќ ќе си замине се до завршувањето на настапот на Светското клупско првенство.

Но, Модриќ побарал веднаш да биде објавено со цел тој да може да се збогува со тимот и фановите на Бернабеу.

Реал Мадрид денеска од 16:15 часот го пречекува Реал Сосиедад, а овој меч посебно ќе биде емотивен за Лука Модриќ и Карло Анчелоти кои го напуштаат клубот.