Невидена драма: Сандерленд го шокира Шефилд јунајтед и се врати во Премиер лигата!

Фудбалерите на Сандерленд триумфираа со 2-1 против Шефилд јунајтед во борбата за пласман во Премиер лигата и така станаа последниот тим кој ќе игра во елитата од следната сезона.

Натпреварот почна добро за Шефилд, кој погоди преку Кембел за водство од 1-0 во 25. минута, по што Бароус стрелаше во 34. минута, но погодокот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.

Сандерленд направи епски пресврт во второто полувреме. Најпрво преку Мајенда израмни на 1-1 во 76. минута, а потоа во петтата минута од судиското надополнување со погодокот на Вотсон се избори за пласман во Премиер лигата.

Претходно пласман во елитата обезбедија Лидс и Барнли, кои ги освоија првите две места од Чемпионшип-лигата.

Фото: Facebook/Sunderland AFC