
Голеада во финалето на Купот на Германија: Штутгарт освои трофеј по 17 години
За Штутгарт ова е четврти трофеј во германскиот куп, но прв трофеј по пауза од 17 години. Голот за водство го постигна Ник Волтемаде во 15. минута, по што следеше брз погодок на Енцо Мило седум минути подоцна, по брза контра и асистенција од Дениз Ундав.
Во 28. минута Ундав и сам се запиша во листата на стрелци, за веќе убедиво водство на Штутгарт од 3-0 уште пред крајот на првото полувреме. Французинот Мило во вториот дел и вторпат се запиша во листата на стрелци по што следуваа два гола на фудбалерите на Арминија кои сепак не беа доволни за нешто повеќе.
Со освојувањето на трофејот, Штутгарт си обезбеди и настап во Лигата на Европа следната сезона.
Фото: VfB Stuttgart/FB