
Ѓоковиќ се измачи против Хуркач, но ја освои 100. титула во кариерата!
Ѓоковиќ имаше две брејк-шанси во петтиот гем од првиот сет, но Хуркач успешно се одбрани и го однесе сетот во самата завршница, каде што Србинот го загуби 12. гем за конечни 5-7 за полскиот тенисер.
Вториот сет понуди жестока битка меѓу двајцата тенисери, кои не го губеа својот сервис, па мораше да се решава во тај-брејк каде што Ѓоковиќ заигра многу подобро и славеше со 7-2.
Полјакот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ уште на стартот на третиот сет и ја контролираше играта сè до осмиот гем, кога еден од најдобрите тенисери во историјата возврати и израмни на 4-4.
Ѓоковиќ и Хуркач понудија одличен тенис и во продолжение, по што победникот се решаваше во тај-брејк каде што Србинот славеше со 7-2.
Фото: EPA PHOTO