
Популарниот Шаби вели: Прашајте некој друг зошто не сум веќе во репрезентацијата!
Ангеловски долго време беше дел од репрезентацијата, меѓутоа сега тоа не е случај. Преку социјалните мрежи тој информираше дека во јавноста се шпекулирало дека неговата работа била проблемот, но самиот тој тврди дека не е така и порачува дека истото прашање кое му се поставува него, треба да се постави на некој друг.
„Поради големата заинтересираност на обожавателите на одбојката зошто не сум дел од репрезентацијата овој циклус ќе наведам дека НЕ Е проблем работата како што се пуштија гласини такви, напротив со голема почит бев пуштан од работа да играм за Македонија. Како што ме прашувавте мене треба да прашате и друг некој од репрезентацијата од постарите играчи“, стои во објавата на Ангеловски.