Одбојкарите не освоија ниту сет во првата контролка со Хрватска

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од 3-0 во сетови (25-19, 25-15 и 25-18 во првиот пријателски натпревар против Хрватска во Марибор.

Во договор помеѓу селекторите натпреварот беше од затворен карактер, а се одиграл и трет сет  кој исто така го добија Хрватите со 25-24.

Пред заминувањето за Словенија селекторот Миленкоски најави дека резултатот од овие средби со Хрватска ќе биде во втор план и најважано за него ќе биде темпирање на формата и детектирање на слабостите пред настапот во Златната лига. Во денешниот натпревар шанса добија сите 15 одбојкари во составот.

Вториот натпревар против Хрватска кој исто така ќе биде од затворен тип се игра утре од 17:00 часот во салата „Драш спорт“.