Изненадување кај дамите: Фудбалерките на Арсенал ја освоија Европа! (ВИДЕО)

Женскиот фудбалски клуб на Арсенал вечерва испиша историја во Лисабон, откако ја совлада фаворизираната Барселона со 1-0 и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

На целосно распродадениот стадион на Спортинг, „Жозе Алваладе“, единствениот погодок го постигна шведската напаѓачка Стина Блакстениус во 74. минута од натпреварот.

Таа влезе во игра само седум минути претходно и веднаш го искористи одличнoto додавање на уште една замена, Бет Мид. Блакстениус умешно ја избегна офсајд замката и со прецизен удар од десетина метри ја смести топката во неодбранливиот агол на голот.

Барселона, која беше двократен актуелен европски шампион и важеше за апсолутен фаворит, не успеа да го наметне својот препознатлив стил и мораше да се помири со поразот.

Ова е втора европска круна за дамите на Арсенал, кои последен пат го подигнаа трофејот во 2007 година, а вечерва по пауза од 17 години повторно се искачија на врвот на европскиот женски фудбал.

Arsenal [1]-0 Barcelona - Stina Blackstenius 74'
byu/Delmer9713 insoccer