
Прилеп пред опстанок во Суперлигата, важни бодови и за Радовиш
Радовиш во неизвесен натпревар кој беше изедначен од почетокот до крајот славеше на гости кај Струга со 26-28.
Победникот се решаваше буквално во последните моменти кога гостинските ракометари за нијанса беа подобри и успеаа да дојдат до важни бодови.
Најефикасен беше Богдан Мијушовиќ од победничкиот состав со осум гола.
Прилеп на свој терен беше сигурен и го совлада Куманово со 28-23 и сега прилепчани се многу блиску да го потврдат опстанок во најсилното друштво.
Таму Квастек беше најефикасен со осум гола, додека кај Куманово Давид Димевски постигна пет.
На табелата сега Радовиш додје до осум бода, колку што има и труга на четврата позиција, а Прилеп е втор со 13.