
Во Реал им е преку глава од условите на Винисиус, не е исклучен трансфер во Саудиска Арабија
Преговорите за нов договор почнаа одамна, но никако да завршат затоа што крилниот играч постојано има нови барања. Последното е да има највисока плата во тимот, односно да заработува повеќе од Килијан Мбапе, а Французинот е со договор за 30 милиони евра по сезона. Реал му понуди 20 милиони, но за Винисиус тоа е неприфатливо бидејќи како фудбалер со поголем стаж, смета дека треба да заработува повеќе. За „кралевите“ тоа е неприфатливо и затоа преговорите застанаа без изгледи да завршат успешно.
Неговиот актуелен договор важи до 2027 година, но во Реал не сакаат да останат без отштета и веќе почнаа плановите за тоа што би се случило ако не дојде до согласност одд двете страни.
Познато е дека за Винисиус постои интерес од Саудиска Арабија, тоа трае одамна, а понудата до Реал изнесува 350 милиони евра. Бразилецот би добил петгодишен договор за вкупна милијарда евра.