Во Милан се загрижени поради Модриќ!
И покрај тоа што има 40 години, Модриќ стартуваше на 21 од 23 меча, сакаше да игра и на тие два, но Алегри реши да го одмори.
„Калчомеркато“ има статија со наслов „Милан е нервозен поради иднината на Модриќ. Ништо не се знае“. Во текстот пишува дека Модриќ и во победата над Болоња бил клучен играч, а договорот му истекува во јуни, навивачите чекаат добри вести од Хрватот, но засега нема ништо“.
Милан сака да го продолжи договорот со Модриќ на уште една сезона, се очекува тоа и да се случи доколку играат во Лигата на шампионите, но засега нема ништо конкретно.
Меѓу навивачите владее загриженост, но и надеж за добри вести наскоро, а тие се дека Модриќ ќе остане.