Една банана - 5.000 евра, скапо ќе плати навивачот кој го навреди Винисиус!
Ова е предлогот на државното обвинителство за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот, кое расистичкиот испад го оцени како тежок прекршок.
Инцидентот се случил на 14 јануари на стадионот „Карлос Белмонте“ во Албасете за време на натпревар од осминафиналето на Купот на Кралот. Според досието на Националната полиција, камерите за надзор јасно го снимиле моментот кога бил фрлен предмет од трибините, што се совпаднало со прославата на последниот гол на домашната екипа. Комисијата го класифицирала овој чин како сериозен прекршок според Законот за сузбивање на насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.
Бразилецот Винисиус во неколку наврати беше цел на расистички навреди на стадионите низ Шпанија, а неодамна беше исвиркан од навивачите на Реал Мадрид. Причината е што сè уште не потпишал продолжување на договорот, но и поради неговите и лошите настапи на тимот оваа сезона.