Престијани жестоко удри по УЕФА: Вие веќе не се ни криете, срамота!
УЕФА ќе потсетиме го суспендираше Престијани за дуелот со „кралевите“, иако истрагата за случајот од првиот натпревар уште не е завршена. Бенфика испрати жалба, но истата денеска беше потврдена, па така и покрај тоа што Аргентинецот отпатува со тимот во Мадрид вечерва нема да може да игра.
Веднаш по одбивањето на жалбата, Престијани жестоко ги нападна луѓето во Европската куќа на фудбалот.
„Дозволено е да удрите некого без топка, тоа се гледа и нема казна. Дозволено е да казните некого без докази и тоа се гледа. Вие веќе не се ни криете кога е Реал во прашање“, порача фудбалерот од средниот ред на португалскиот гигант.
Додека истрагата и понатаму е во тек, Престијани засега е сусепендиран само за натпреварот вечерва.
Фото: EPA