Алегри веќе размислува за заминување од Милан!?
Причина за неговото незадоволство се случувањата на трансфер-пазарот и односот со раководството. Mикеле Кришитело кој е уредник во италијанскиот медиум тврди дека односот на реалција помеѓу Алегри и раководството е блиску до дното по разочарувањата против Комо и Парма.
Сепак, исто така се потенцира и дека тоа не значи дека сигурно ќе замине. Најавите се дека Алегри во наредните недели ќе направи детална анализа, а потоа ќе донесе одлука што понатаму.
Неговиот договор со гигантот од Милано е со важност до јуни 2027 година и во него има опција за продолжување на соработката на уште една година. Милан во овој момент се наоѓа на второто место во Серија А, но со дури десет бодови помалку од градскиот ривал Интер.