Тун ита кон титулата - Растодер повторно погоди

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер го предводеше Тун до нова победа во швајцарското првенство.

Тун славеше на гостувањето кај Винтертур со 3-0, а сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Растодер се погрижи за вториот од нив, во 59. минута откако претходно Мејхтри го отвори резултатот, а потоа Имери стави точка.

Растодер веќе е на бројката од десет гола за својот тим оваа сезона и е на делба на шестото место на листата на стрелци со Џердан Шаќири. Што се однесува до Тун, тој е далеку на првото место на табелата, со 61 бод, 14 повеќе од второпласираниот Сент Гален.