Пелистер во Данска се врати од „минус пет“, но загуби сили за пресврт!

Maкедонскиот шампион, екипата на Пелистер денеска на гости кај ГОГ Гудме во 12. коло од Лигата на шампионите ремизираше 28-28.

Данскиот тим од самиот почеток тргна подобро и разликата брзо почна да се зголемува, па така домаќините веќе некаде на средината од првото полувреме имаа предност од пет гола (13-8). Не успеаа избраниците на Алушовски премногу да се вратат и во завршницата од овој прв дел, па на одмор имаа негатива од четири гола разлика, ГОГ водеше со 15-11.

Предноста од три-четири гола домашниот состав ја одржуваше до последната четвртина од натпреварот, а тогаш тие 15 минути Пелистер заигра најдобро од стартот на дуелот. Се подобри одбраната, Данците тешко доаѓаа до прилика за гол, а и кога ќе дојдеа Митревски знаеше да блесне со некоја одбрана.

Така Пелистер стигна и до првото водство на шест минути пред крајот кога поведе со 25-24. Сепак, до крајот македонскиот претставник како да загуби сили и не успеа да го одржи истото ниво во последните моменти, Гудме го искористи тоа и повторно поведе.

Пелистер до реми дојде со голот на Видомски на неколку секунди до крајот. Toкму тој беше најефикасен кај Пелистер со седум гола, Граховац и Кузмановски имаа по шест, додека на спротивната страна Оли Митун исто така постигна седум.