Драма во Бергамо: Аталанта со гол од пенал во 98. до осминафинале во ЛШ! (ВИДЕО)
Пресвртот го најави Џанлука Скамака уште во петтата минута, а пред крајот на првиот дел Запакоста се погрижи и за втор гол со што предноста на „милионерите“ веќе беше анулирана.
Продолжи Аталанта со подобрата игра и во второто полувреме, Пашалиќ во 57-та минута стрелаше за 3-0. Борусија иако не блескаше сепак успеа да постигне гол со кој беше блиску да дојде до продолженија. Адејеми намали на 3-1 на 15 минути пред крајот.
Тој резултат беше актуелен се до самата завршница кога Аталанта длабоко во судиското продолжеие доби пенал кој на фантастичен начин го изведе Самарџиќ во осмата минута од продолжеието за голема победа од 4-1.