На Бернабе „не“ за расизмот, ама „да“ за нацистички поздрави (ВИДЕО)

Еден навивач на Реал е исфрлен од стадионот „Сантијаго Бернабе“ откако камерите го фатија како нацистички салутира пред почетокот на натпреварот против Бенфика.

Обезбедувањето на стадионот веднаш го лоцирало навивачот и тој е отстранет од местото од каде требало да го проследи мечот. Против него е поведена постапка и треба да одговара кривично, а не е исклучено Реал да му го одземе сезонскиот билет.

Интересно е тоа што на истата трибина каде што седел приврзаникот на Реал, неколку минути претходно беше истакнат транспарент „Не за расизмот“ како реакција на наводниот расистички напад на Престијани врз Винисиус на првиот меч против Бенфика, во Лисабон.