Селекторот Берокал ги избра кошаркарите за пресметката со Луксембург

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал ги избра кошаркарите кои ќе бидат во конкуренција за дуелот против Луксембург од третото коло во претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Берокал ги избра Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра во салата „Градски Парк“ во Скопје на 27 февруари од 18 часот, а директен пренос ќе има на „МРТ“.