Скандал што го тресе спортот: Функционер снимал голи фудбалерки во соблекувална!

Светот на женскиот фудбал го потресе скандал во Австрија, кој доби епилог на суд, но пресудата предизвика дополнителен гнев отколку чувство дека е задоволена правдата.

Еден од функционерите на женскиот клуб Алтах и судија во Швајцарија е осуден на седум месеци условна казна поради снимање голи фудбалерки во соблекувалната.

Покрај условната казна, ќе мора да плати и парична казна од 1.200 евра, но и по 625 евра отштета на секоја од жртвите.

Овој случај траел со години, односно од 2020 до 2025 година, а обвинетиот ја користел својата функција во клубот и поставувал скриени камери во соблекувалните.