Падна еден од најбрзите откази: Тренер во Англија издржа 44 дена

Во англиската Чемпионшип го видовме еден од најбрзите тренерски откази во последните години и тоа во редовите на поранешниот премиерлигаш, Вест Бромвич Албион.

Имено, стратегот Ерик Ремзи на клупата на овој клуб пристигна во јануари на местото на Рајан Мејсон, меѓутоа доби отказ по само 44 дена.

Во краткиот период како тренер на тимот успеа да освои четири бода, а претрпе четири порази. Со него Вест Бромвич доживеа и елиминација од ФА Купот од Норвич.

Вест Бромвич потврди и дека за привремен тренер назначен е Џејмс Морисон. На табелата Вест Бромвич е на 21. место со само бод повеќе од опасната зона.