Вирус одложи хокеарски меч на Зимските олимписките игри!

Женската финска хокеарска репрезентација не собра доволно играчи за вечерашниот меч против Канада, проблем е вирусот кој го фатија.

Финска тренираше само со осум хоекарки во поле и две голманки. Портпаролката на финската хокеарска репрезентација рече дека дури 13 се во аут поради вирусот.

Според правилата, репрезентациите може да регистрираат до 20 хокарки во поле плус две голманки.

Мечот меѓу Финска и Канада кој требаше да се игра вечерва е одложен за 12. февруари.

Олимпискиот турнир во хокеј почнува денеска, ден пред официјалното отворање на ЗОИ.