Јокиќ се врати на старите навики, ама Никс го добија шоуто во Медисон Сквер Гарден (ВИДЕО)
Тимот од Колорадо загуби во спектаклот во Медисон Сквер Гарден, од Њујорк Никс со 127-134 по две продолженија. Натпреварот го одбележаа низата резултатски пресврти, но ниедна од екипите не направи двоцифрена предност што најдобро зборува колку беше неизвесно.
Џамал Мареј постигна 20 поени во првата четвртина, но подоцна свое шоу имаше Џејлен Брансон. Денвер беше во негатива во клучните моменти, но успеваше да се одбрани. Канаѓанецот се избори за првото продолжение, а Кристијан Браун за второто, ама во него Никс повеќе не му дадоа шанса на противникот. Се одлепија на шест разлика и повеќе немаше враќање за тимот на Денвер.
Брансон одигра извонреден натпревар, постигна 42 поена со осум скока и девет асистенции, Мареј на спротивната страна заврши со 39, а Никола Јокиќ го оствари својот прв трипл дабл по враќањето и прв во 2026 година. Србинот постигна 30 поени, 14 скока и 10 асистенции, но ќе се памти само тоа дека имал трипл дабл бидејќи да не се играа продолженија, сигурно немаше да стигне до него, а покрај тоа, имаше катастрофален шут за тројка (1/13) и тој има голема вина за поразот на својот тим.
Ова беше осма победа по ред за Њујорк Никс кој го држи чекорот со Бостон и е на делба на второто место со биланс 33/18. И Денвер е трет, но на Западот, со 33/19, ама таму ќе се води жестока битка до крајот на основниот дел од сезоната.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк - Денвер 134-127
Торонто - Минесота 126-128
Хјустон - Бостон 93-114
Милвоки - Њу Орлеанс 141-137
Сан Антонио - Оклахома 116-106
Сакраменто - Мемфис 125-129
ЛА Клиперс - Кливленд 91-124