Ѕвезда на Челси сонува за дресот на Реал, но има договор до 2032 година!

Многу фудбалери сонуваат да го облечат дресот на Реал Мадрид барем еднаш во кариерата, а еден од нив е аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.

Долго време се шпекулира во медиумите дека Фернандез е желба на „кралскиот клуб“, кој би можел да тргне по неговиот потпис идното лето, а очигледно тоа му се допаѓа и на самиот фудбалер.

Новинарот Фабрицио Романо ја сподели информацијата на неговиот колега Марио Кортегана дека Фернандез сонува за дресот на „кралевите“ и сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Проблем, сепак, би можел да претставува неговиот договор со премиерлигашот кој е со важност до 2032 година, а Челси не планира да го продаде Аргентинецот.

Челси најверојатно би прифатил понуда од Мадрид само доколку биде „бомбастична“ и далеку повисока од таа која ја исплатија „сините“ за Енцо во 2023 година, односно 121 милион евра.

Фото: Facebook/Chelsea FC