Роналдо денеска полни 41 година - нема да престане да игра додека не ја оствари целта!

Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо, денеска го слави својот 41. роденден, малку играчи на оваа возраст се активни, но Португалецот не се откажува.

Во текот на својата кариера Роналдо направи неверојатни работи, но има уште една зацртана цел која треба да ја реализира пред да се пензионира, а тоа е да постигне 1.000 голови во кариерата.

Португалецот досега има 961 гол, му фалат само уште 39 погодоци.

Логичната прогноза е дека Роналдо ќе игра и следната сезона во која реално е да дојде до 1.000 голови, а потоа ќе стави крај на кариерата.

Негов предизвик е и настап на престојното Светско првенство, по кое веројатно ќе се збогува со португалската репрезентација.