Лапорта е презадоволен: Аргентинец сака да потпише за Барселона

Англиските медиуми пишуваат дека Барселона наскоро би можела да добие ново засилување, а станува збор за аргентинскиот фудбалер Кристијан Ромеро.

Ромеро планира да го напушти Тотнем, каде што е еден од најважните фудбалери, а засега не се открива колку пари е подготвена да плати Барселона.

Аргентинецот е во лоши односи со управата на Тотнем, а има и голема желба да го облече дресот на Барселона.

Фото: Barcelona/Facebook