Милан со сите сили ќе тргне по талентиран напаѓач на Партизан
Седумкратниот европски шампион во наредните недели треба да испрати понуда за талентираниот фудбалер и да го комплетира трансферот.
Новинарот Матео Морето откри дека преговорите сè уште се активни и конечен договор треба да се постигне најдоцна до крајот на февруари.
Милан претходно понуди 2,5 милиони евра со бонуси, кои би можеле да достигнат сума до осум милиони евра, но Партизан за трансферот на Костиќ бара вкупно 12 милиони евра.
Фото: Facebook/AC Milan