МОК ги откри имињата на спортист(к)ите кои ќе го носат знамето на Македонија!

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано на Зимските олимписки игри (ЗОИ) каде што ќе учествуваат четири натпреварувачи од нашата држава, а со нив патуваат и шест официјални лица предводени од Цветанка Макаровски како шеф на делегацијата.

Церемонијата за почеток на ЗОИ е закажана в петок, 6 февруари, од 20 часот по локално време, а знаменосци на овие олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

Точните термини за настапи на македонските натпреварувачи ќе бидат дополнително објавени, а пренос ќе врши Македонската радио телевизија (МРТ).