Роналдо за неговиот роденден го доби - најголемото понижување во кариерата (ФОТО)
Саудиските навивачи не се сложуваат со ставот на португалскиот репрезентативец, па го обвинија дека премногу се меша во работи кои не се негова надлежност како начинот на кој функционира Инвестицискиот фонд во С. Арабија под чија закрила се неколку тимови, меѓу кои и Ал Наср.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од улиците на Ријад, на кои може да се забележат плакати на кои пишува дека фудбалерот „исчезнал“, а притоа има ставено фотографија како плаче.
„Тој е човек кој минува низ период на претерано жалење. Неговото семејство го бара“, пишува на еден од плакатите.
Фото: Facebook/Al-Nassr